Volkswagen се соочува со една од најголемите и најскапи афери во своето работење

30

volkswagen

Над 11 милиони дизел возила на германскиот производител Volkswagen во САД имаат инсталирано лажен софтер за регистрирање на емисија на штетни гасови, покажа истрагата на Американската агенција за заштита на животната средина, пишува Reuters.

Најголемиот производител на автомобили во светот ќе одвои 6,5 милијарди евра за да може да ги покрие трошоците од еден од најголемите скандали во 78-годишната историја. Аналитичарите најавуваат дека германскиот гигант ќе се соочи со големи загуби предизвикани од оваа афера.

Американската агенција за заштита на животната средина (ЕРА) минатата недела изјави дека Volkswagen може да се соочи со казна од 18 милијарди долари поради лажните тестови за емисија на штетните гасови на нивните дизел возила испорачани на американскиот пазар.

Германските медиуми шпекулираат дека шефот на Volkswagen, 68-годишниот Мартин Винтеркорн, ќе биде заменет од Матијас Милер, кој е на чело на сегментот за производство на спортски автомобили на Porsche.

Винтеркорн воопшто не спомена што ќе се случува со него во видео пораката преку која упати извинување за овој скандал.