Volkswagen укинува 4.000 работни места во Германија

77

Германскиот производител на автомобили, Volkswagen планира да укине до 4.000 работни места во своите погони во Германија, нудејќи предвремени или делумни пензии за постарите вработени, што може да чини неколку стотици милиони евра.

Во соопштението на Volkswagen се вели дека е постигнат договор со работничкиот совет за делумно пензионирање на родените во 1964 година, додека им е понудено предвремено пензионирање на родените од 1956 до 1960 година.

Компанијата изјави дека очекува 900 работници да се определат за предвремени пензии, додека помал број би можеле да изберат делумна пензија, без да ја наведат точната бројка.

Два извори од компанијата изјавија дека ќе бидат укинати од 3.000 до 4.000 работни места како дел од програмата што ќе се примени на шест германски фабрики на Volkswagen, во кои сега работат околу 120.000 луѓе.

Во првиот квартал од оваа година, оваа компанија пријави поголема загуба од предвидената, бидејќи операциите беа скоро целосно прекинати поради пандемијата на коронавирусот.

Фото: Freepik