Volkswagen веќе има добиено над 20.000 нарачки за новото електрично комбе

110

Повеќе од 20.000 нарачки се промени за целосно електричниот ID Buzz на Volkswagen во Европа, и покрај тоа што ова комбе допрва треба да се појави во салоните.

VW ID. Buzz моментално се нуди само во Европа со батерија од 82 kWh и погон на задните тркала, а е достапен во комерцијални или патнички верзии.

„Уште пред лансирањето на пазарот, од почетокот на авансната продажба, веќе успеавме да продадеме повеќе од 20.000 примероци од ID. Buzz модел“, се пофали Ларс Краус, член на управниот одбор на брендот Volkswagen Commercial Vehicles за продажба и маркетинг.

Volkswagen започна со производство на моделот ID. Buzz во Хановер на почетокот на јуни и има за цел да произведе 15.000 возила до крајот на годината.

Тој очекува дека кога ќе го достигне максималниот производствен капацитет, ќе произведува и до 130.000 примероци од ова возило годишно.

Првите 6.000 автомобили наскоро треба да пристигнат во салоните, а потоа и кај крајните клиенти.