Volkswagen во Кина инвестира 15 милијарди евра

34

Германскиот производител на автомобили, Volkswagen најави дека планира со три кинески компании да инвестира околу 15 милијарди евра до 2024 година, за производство на електрични возила во Кина.

Според Ројтерс, Volkswagen со трите компании FAW Group, SAIC Motor и ЈАС до 2025 година во Кина ќе треба да создаде 15 електрични и хибридни модели што имаат електро и мотор со внатрешно согорување.

Volkswagen во октомври во две кинески фабрики ќе почне со производство на електрични возила базирани на познатата платформа MQV.

Фото: Pixabay