Волстрит бележи пад втор ден по ред – инвеститорите претпазливи

79

Цените на акциите на Волстрит втор ден по ред бележат пад, затоа што инвеститорите се несигурни колку американската Централна банка ќе мора да ја заостри монетарната политика, со цел да ја потисне високата инфлација.

Dow Jones ослабе за 176 поени или 0,54 отсто, на 32,813 поени, додека S&P 500 се намали за 0,75 отсто, на 4,101 поен, а индексот Nasdaq за 0,72 отсто, на 11,994 поени.

По неколку недели паѓање, минатата седмица тие индекси се зголемија за повеќе од шест проценти. Тоа вроди надеж кај инвеститорите, дека пазарот почнува да закрепнува. Но, во изминатите два дена, цените на акциите повторно почнаа да паѓаат.