Волстрит: Благ пораст на индексите, пад на нафтата и златото

12

Индексите на берзата во Њујорк го затворија вчерашното тргување во позитива бидејќи официјалните податоци покажаа дека потрошувачката инфлација во САД благо порасна во јули, но остана на умерено ниво.
Во исто време, инвеститорите очекуваат дека американската централна банка – ФЕД, ќе ги задржи каматните стапки на исто ниво, пренесува француската новинска агенција АФП.

Индексот Dow Jones го заврши тргувањето на 35.176,15 поени, што е за 52,79 поени или 0,15 отсто повеќе од средата. Индексот на 500-те најголеми американски компании S&P 500 е формиран на вредност од 4468,83 поени, што е за 1,12 поени или 0,03 отсто повеќе во однос на стартот. Технолошкиот индекс Nasdaq зајакна 15,97 поени или 0,12 отсто и го затвори тргувањето на 13.737,99 поени.

Нафтата падна до крајот на тргувањето во Њујорк.  Исто така, цената на златото падна, која падна за 5,90 долари или 0,30 отсто, на 1.944,70 долари за унца од 31,1 грама на тргувањето на Њујоршката берза.