Волстрит благо падна

24

На Волстрит, берзанските индекси благо паднаа во вторник, најмногу поради падот на цените на акциите во технолошкиот сектор, кој е под продажен притисок по силниот раст во првиот квартал.

Dow Jones загуби 0,12 отсто, на 32.394 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,16 отсто, на 3.971 поен, а индексот Nasdaq загуби 0,45 отсто, на 11.716 поени.

Падот на индексот главно е последица на притисокот врз технолошкиот сектор, кој вчера ослабна втор ден по ред, во просек за 0,5 отсто.

И покрај ова, секторот останува најголем добитник во првиот квартал. Индексот на технолошкиот сектор S&P е зголемен за повеќе од 15 отсто од почетокот на годината.

„Во однос на технолошкиот сектор, тоа е повторување на претходниот ден. Блага продажба е ефективно за повлекување на профитот од пазарот, што покажува дека ентузијазмот малку стивна“, вели Мајкл Џејмс, директор во Wedbush Securities.

Од друга страна, банкарскиот сектор се стабилизираше откако со недели беше под притисок поради пропаѓањето на банката во Силиконската долина.

И на европските берзи вчера благо пораснаа цените на акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,17 отсто, на 7.484 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,09 отсто, на 15.142 поени, а париски CAC зајакна за 0,14 отсто, на 7.088 поени.

Фото: Facebook