Волстрит благо порасна, не се очекуваат нови покачувања на каматните стапки

На Волстрит вчера берзанските индекси благо пораснаа, додека инвеститорите го чекаат извештајот за инфлацијата и пораките од шефот на американската централна банка, кои би можеле да укажат како ќе се движат каматните стапки во иднина.

Dow Jones зајакна 0,43 отсто, на 36.404 поени, додека S&P 500 порасна за 0,39 отсто, на 4.622 поени, а индексот Nasdaq 0,20 отсто, на 14.432 поени.

Индексот S&P 500 вчера достигна ново највисоко ниво во годината додека инвеститорите чекаат вести кои би можеле да го насочат пазарот.

Не се очекува зголемување на каматните стапки
Оваа недела е последниот состанок на лидерите на ФЕД оваа година, а со оглед на постепеното смирување на инфлациските притисоци, речиси никој не очекува зголемување на каматните стапки.

Напротив, на пазарот со недели се шпекулира кога ФЕД би можел да почне да ги намалува каматните стапки.

Пооптимистичките аналитичари оценуваат дека олабавувањето на монетарната политика би можело да започне веќе во март, додека пореалните го очекуваат кон средината на следната година.

Цените на акциите вчера пораснаа и на повеќето европски берзи. Сепак, лондонскиот FTSE индекс се лизна 0,13 отсто, на 7544 поени, но франкфуртски DAX зајакна 0,21 отсто, на 16.794 поени, а париски CAC 0,33 отсто, на 7551 поен.