Волстрит благо порасна, повеќето европски берзи во пад

62

Вчера на Волcтрит се тргуваше многу претпазливо бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици пред објавувањето на новиот извештај за инфлацијата во САД, што може да влијае на насоката на пазарот.

Индексот Dow Jones зајакна 0,09 отсто, на 39.164 поени, додека S&P 500 порасна за 0,09 отсто, на 5.482 поени, а Nasdaq 0,30 отсто, на 17.858 поени.

Малите движења на индексот се резултат на внимателноста пред новиот извештај за инфлацијата во САД во мај, кој ќе биде објавен во петок и кој може да влијае на насоката на пазарот.

Инвеститорите се надеваат на дополнително ублажување на инфлацијата, што ќе ги поддржи надежите за позначајно намалување на каматните стапки од страна на американската централна банка оваа година.

Во последните денови, челниците на ФЕД изјавија дека инфлацијата сè уште е значително над целните нивоа на централната банка и проценуваат дека е можно едно намалување на каматните стапки до крајот на годината.

Пазарот, од друга страна, проценува дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки двапати пред крајот на годината, почнувајќи од септември.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,56 отсто, на 8179 поени, а париски CAC за 1,03 отсто, на 7530 поени. Франкфуртски DAX зајакна, пак, за 0,30 отсто, на 18.210 поени.