Волстрит ослабна трет ден по ред

16

На Волстрит берзанските индекси во вторник, трет ден по ред благо паднаа, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат дополнителни ризици, откако минатата недела цените на акциите достигнаа рекордни нивоа.

Dow Jones загуби 0,08 отсто, на 39.282 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,28 отсто, на 5.203 поени, а индексот Nasdaq 0,42 отсто, на 16.315 поени.

Падот на индексот трет ден по ред е последица на претпазливоста на инвеститорите откако минатата недела индексите достигнаа рекордни нивоа, а нема нови вести кои би поттикнале раст на цените на акциите.

На неодамнешната седница, челниците на американската централна банка останаа на оценката дека годинава би можеле трипати да ги намалат каматните стапки.

Ова ги охрабри инвеститорите бидејќи стравуваа дека ФЕД ќе го одложи намалувањето на каматните стапки во јануари и февруари поради зголемената инфлација во САД.

Сепак, сите добри вести веќе се вградени на пазарот, кој расте веќе петти месец по ред, па прашање, велат аналитичарите, е дали се уште има простор за раст на цените на акциите.

Во фокусот на инвеститорите оваа недела ќе бидат новите податоци за инфлацијата во САД, кои би можеле да укажат кога централната банка ќе почне да ги намалува каматните стапки.

Сепак, извештајот за индексот на трошоци за лична потрошувачка, кој будно го следат челниците на ФЕД, ќе биде објавен дури во петок, кога поради велигденските празници ќе биде затворена најголемата светска берза.

„Најважните нови податоци ќе бидат објавени во петок. Дотогаш нема да има значајни извештаи, така што не очекувам нешто важно да се случи на пазарот“, вели Стивен Масока, потпретседател на Wedbush Securities.

И на европските берзи вчера поскапеа акциите. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,17 отсто, на 7.930 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,67 отсто, на 18.384 поени, а париски CAC 0,41 отсто, на 8.184 поени.