Волстрит остро падна

98

На Волстрит цените на акциите драстично паднаа бидејќи инвеститорите не се сигурни пред извештајот кој може да покаже дека инфлацијата во САД сè уште е во пораст и да влијае на понатамошните одлуки на американската централна банка.

Dow Jones се лизна за 638 поени, или 1,94 отсто, на 32.272 поени, додека S&P 500 потона за 2,38 отсто, на 4.017 поени, а индексот Nasdaq потона за 2,75 отсто, на 11.754 поени.

Најголемиот пад на тие индекси во изминатиот месец се должи на несигурноста на инвеститорите пред извештајот за инфлацијата во САД, кој ќе биде објавен во петок и може да влијае на понатамошните одлуки на ФЕД.

Аналитичарите во анкетата на Ројтерс проценуваат дека потрошувачките цени се зголемиле за 0,7 отсто на месечна основа во мај, што е побрзо од растот од 0,3 отсто во април. Тоа би било раст од 8,3 отсто на годишно ниво, исто како и во април.

Инвеститорите ќе се фокусираат и на основната стапка на инфлација, која ги исклучува цените на енергијата и храната. Се проценува дека стапката пораснала за 0,5 отсто на месечно ниво и 5,9 отсто на годишна основа во мај, додека растот во април бил 0,6 отсто на месечно ниво и 6,2 отсто на годишна основа.

Повисоката инфлација од проценетата ќе ги зголеми стравувањата дека ФЕД може да ги зголеми каматните стапки поагресивно од очекуваното.

И на европските берзи цените на акциите вчера остро паднаа. Лондонски FTSE индекс се намали за 1,54 отсто, на 7.476 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 1,71 отсто, на 14.198 поени, а париски CAC на 1,40 отсто, на 6.358 поени.