
На Волстрит, берзанските индекси се лизнаа од рекордно ниво во четвртокот, бидејќи инвеститорите останаа внимателни пред објавувањето на извештајот за работни места во САД, што може да има значително влијание врз насоката на пазарот.
Dow Jones загуби 0,55 отсто, на 44.765 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,19 отсто, на 6.075 поени, а индексот Nasdaq 0,18 отсто, на 19.700 поени.
По неколкудневниот раст, индексите вчера се лизнаа од рекордните нивоа бидејќи инвеститорите се внимателни пред американскиот извештај за вработување, кој ќе биде објавен во петок. Аналитичарите проценуваат дека бројот на вработени во ноември се зголемил за 200 илјади. Тоа би било уште една потврда дека пазарот на трудот е солиден и дека најголемата светска економија постојано расте.
Во средата, претседателот на ФЕД Џером Пауел рече дека економијата е посилна од очекуваното кога централната банка почна да ги намалува каматните стапки во септември, што ја отвора вратата за повнимателно намалување на каматните стапки во иднина.
Сепак, пазарот сè уште очекува ФЕД да ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени на дводневниот состанок од 17 до 18 декември. Извештајот за вработување и плати во ноември може да влијае на тие очекувања, а со тоа и на насоката на пазарот.
Меѓу најголемите губитници вчера беше акцијата на UnitedHealth, со пад на цената од повеќе од 5 отсто, откако во средата во центарот на Менхетен беше убиен извршниот директор на таа осигурителна компанија Брајан Томпсон.
Фото: Pixabay