Волстрит падна по агресивните пораки од ФЕД

92

На Волстрит, берзанските индекси ги загубија сите добивки од претходниот ден, бидејќи инвеститорите се загрижени поради пораките дека Федералните резерви на САД би можеле да ја заострат монетарната политика поагресивно од очекуваното.

Dow Jones падна за 280 поени или 0,80 отсто, на 34.641 поени, додека S&P 500 се лизна за 1,26 отсто на 4.525 поени, а индексот Nasdaq 2,26 отсто на 14.204 поени.

Откако претходниот ден драстично порасна, технолошкиот сектор вчера падна за речиси два отсто. Под притисок беа акциите на технолошките гиганти како Apple и Amazon.

Од друга страна, цените на акциите пораснаа во сектори како што се недвижностите и услугите.

Инвеститорите беа предводени од гувернерката на ФЕД, Лаел Брејнар, која рече дека очекува методично зголемување на каматните стапки и брзо намалување на билансите на ФЕД за да ја доведе монетарната политика во “неутрална позиција“ подоцна оваа година.

Ова ги зголеми стравувањата дека ФЕД може да биде уште поагресивен од очекуваното во борбата против инфлацијата.

Инвеститорите се претпазливи и за војната во Украина и за можните нови западни санкции против Русија поради обвиненијата за воени злосторства. Војната предизвика нагло зголемување на цените на нафтата и суровините, што дополнително ја поттикна и онака високата инфлација во светот.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс зајакна 0,73 отсто, на 7.613 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,65 отсто, на 14.424 поени, а париски CAC 1,28 отсто, на 6.645 поени.