Волстрит падна втор ден по ред, азиските берзи ја продолжија негативната серија

64

На Волстрит, берзанските индекси паднаа втор ден по ред во вторникот, бидејќи инвеститорите стравуваат од натамошни агресивни зголемувања на каматните стапки од страна на ФЕД, додека растот на американската економија забавува.

Dow Jones падна за 0,47 отсто, на 32.909 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,22 отсто, на 4.128 поени. Индексот Nasdaq, пак, остана непроменет на 12.381 поен.

По остриот пад во понеделникот, индексите ослабнаа на вториот ден од оваа недела, но многу поблаг од претходниот ден.

Инвеститорите се претпазливи бидејќи се очекува американската централна банка дополнително да ги зголеми каматните стапки.

Азиските пазари ја продолжија негативната серија

На повеќето азиски берзи, цените на акциите паднаа и во средата осми ден по ред, бидејќи инвеститорите стравуваат од натамошно агресивно зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка и поради забавување на економскиот раст.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, околу 07:00 часот беше во минус од 0,2 отсто, слабеејќи осми ден по ред.

Истовремено, индексот Никеи се лизна за 0,4 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Шангај и Хонг Конг паднаа за околу 1,3 отсто. Меѓутоа, во Јужна Кореја и Австралија тие се зголемија меѓу 0,2 и 0,5 отсто.