Волстрит порасна, фокусот е на деловните резултати

Цените на акциите пораснаа на Волстрит во четврток, главно во технолошкиот сектор, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од подобрите од очекуваните квартални деловни резултати од „Мајкрософт“ и „Мета Платформс“.

Индексот Дау Џонс порасна за 0,21 проценти, на 40.752 поени, додека S&P 500 порасна за 0,63 проценти, на 5.604 поени, а индексот Nasdaq за 1,52 проценти, на 17.710 поени.
Растот на индексот S&P 500 осми ден по ред се должи на подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на повеќето компании во составот на индексот.

Благодарение на ваквите резултати, цената на акциите на „Мета“ се зголеми за повеќе од 2 проценти, а на „Мајкрософт“ за повеќе од три проценти, па затоа секторот за технологија и комуникации беше предводник во однос на растот на цените.