Волстрит порасна и поврати дел од загубите од претходниот ден

На Волстрит вчера берзанските индекси пораснаа, враќајќи дел од загубите од претходниот ден, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од подобрите од очекуваните деловни резултати на неколку компании.

Dow Jones зајакна 0,40 отсто, на 38.424 поени, додека S&P 500 порасна за 0,96 отсто, на 5.000 поени, а индексот Nasdaq за 1,30 отсто, на 15.859 поени.

Цената на акцијата на Uber порасна за речиси 15 отсто
Откако претходниот ден потонаа за повеќе од 1 процент, вчера индексите закрепнаа дел од загубите, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на неколку компании.

Поради оваа причина, цената на акцијата на Uber се зголеми за речиси 15 отсто, а на Lyft за околу 35 отсто.

За растот на S&P 500 и Nasdaq индексот придонесе и скокот на цените на технолошките гиганти Nvidia, Meta Platforms и Tesla за повеќе од 2 отсто.