Волстрит порасна, инвеститорите оптимисти

23

На Волстрит, берзанските индекси значително пораснаа во средата бидејќи наскоро во Вашингтон може да се постигне договор за задолжување на државата и затоа што цените на акциите на регионалните банки силно пораснаа.

Dow Jones зајакна 1,24 отсто, на 33.420 поени, додека S&P 500 порасна за 1,19 отсто, на 4.158 поени, а индексот Nasdaq 1,28 отсто, на 12.500 поени.

Најмногу вчера поскапеа акциите на регионалните банки бидејќи инвеститорите се надеваат дека кризата во тој сектор, која трае од март кога пропаднаа две банки, е завршена.

Цената на акциите на Western Alliance Bancorp скокна за повеќе од 10 отсто, откако банката соопшти дека нејзините депозити пораснале за повеќе од 2 милијарди долари во изминатиот квартал.

Ова ги зголеми цените на акциите на другите регионални банки, па индексот KBW на тој сектор скокна за 7,3 отсто. Индексот S&P 500 на банкарскиот сектор, пак, порасна за 4,5 отсто.

И на европските берзи вчера претпазливо се тргуваше. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,36 отсто, на 7.723 поени, а париски CAC за 0,09 отсто, на 7.399 поени. Франкфуртски DAX зајакна, пак, за 0,34 отсто, на 15.951 поен.

Фото: Facebook