
На Волстрит берзанските индекси пораснаа во понеделникот, достигнувајќи ги највисоките нивоа за речиси четири месеци, најмногу благодарение на растот на цените на акциите на технолошките гиганти.
Dow Jones зајакна 0,58 отсто, на 35.151 поен, додека S&P 500 порасна за 0,74 отсто, на 4.547 поени, а Nasdaq индексот порасна за 1,13 отсто, на 14.284 поени.
Меѓу најголемите добитници вчера беа акциите на Мајкрософт, кои пораснаа за 2 отсто на рекордно високо ниво, по веста дека технолошкиот гигант привлече неколку познати експерти во развојот на вештачката интелигенција, меѓу кои и Сем Алтман, поранешниот извршен директор на OpenAI, кој беше управниот одбор на компанијата го отпушти.
Значително пораснаа и цените на Apple и Nvidia, па така најголем добитник беше индексот S&P 500 на технолошкиот сектор со раст од 1,5 отсто. Пазарот беше поддржан и од натамошниот пад на приносите на државните обврзници, со оглед на тоа што се смета дека американската централна банка го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки.
A на европските берзи вчера претпазливо се тргуваше. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,11 отсто, на 7.496 поени, исто колку и франкфуртски DAX, кој се лизна на 15.901 поен. Парискиот CAC зајакна, пак, за 0,18 отсто, на 7.246 поени.