Волстрит порасна по одлуките и пораките на ФЕД

26

Акциите се зголемија на Волстрит во средата бидејќи инвеститорите се надеваат дека ФЕД наскоро ќе го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки, откако претседателот на централната банка Џером Пауел изјави дека процесот на дезинфлација започнал. Dow Jones зајакна 0,02 отсто, на 34.092 поени, додека S&P 500 скокна за 1,05 отсто, на 4.119 поени, а индексот Nasdaq порасна за 2,0 отсто, на 11.816 поени.

Осмо зголемување на каматните стапки
Очекувано, американската централна банка вчера ги зголеми клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени на опсег од 4,50 до 4,75 отсто, што е ново највисоко ниво од 2007 година. Ова е осмо зголемување на каматните стапки од март минатата година, кога ФЕД ја започна својата борба против инфлацијата.

Иако беше очекувано, инвеститорите беа охрабрени од изјавата на претседателот на ФЕД Пауел на прес-конференцијата дека за првпат може да се каже дека започна процесот на дезинфлација, односно забавување на стапката на инфлација. Тој рече и дека годинава очекува благ, но сепак економски раст, што значи дека може да се избегне рецесија.

Иако Пауел рече дека е рано да се прогласи победа над инфлацијата и најави дополнително зголемување на каматните стапки, на новинарско прашање дали е можно конечната каматна стапка на ФЕД да остане под 5 отсто, тој одговори дека тоа е можно.

И на европските берзи вчера повнимателно се тргуваше. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,14 отсто, на 7.761 поен, а париски CAC за 0,08 отсто, на 7.077 поени. Франкфуртски DAX зајакна, пак, за 0,35 отсто, на 15.180 поени.

Фото: Facebook