Волстрит порасна по тридневен пад

13

На Волстрит, берзанските индекси пораснаа во средата, надополнувајќи ги загубите од претходните три дена, но тргувањето беше претпазливо, на што укажува намалениот обем на тргување.

Dow Jones скокна за 1,22 отсто, на 39.760 поени, додека S&P 500 порасна за 0,86 отсто, на 5.248 поени, а индексот Nasdaq порасна за 0,51 отсто, на 16.399 поени.

По три дена пад, Dow Jones и S&P 500 индексот значително пораснаа и достигнаа нови рекордни нивоа.

Сепак, тргувањето беше претпазливо, на што укажува и намалениот обем на тргување. На американските берзи вчера се сменија 10,6 милијарди акции, додека во последните 20 дена просекот беше 12,2 милијарди.

Инвеститорите се претпазливи затоа што оваа недела има скратен работен период со оглед на тоа што во петок не се работи поради велигденските празници.

И тој ден ќе биде објавен извештај за индексот на трошоци за лична потрошувачка. Тие податоци внимателно ги следат лидерите на ФЕД и може да влијаат кога американската централна банка ќе почне да ги намалува каматните стапки.

На неодамнешната седница, челниците на американската централна банка останаа на оценката дека годинава би можеле трипати да ги намалат каматните стапки.

Ова ги охрабри инвеститорите бидејќи стравуваа дека ФЕД ќе го одложи намалувањето на каматните стапки во јануари и февруари поради зголемената инфлација во САД.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,01 отсто, на 7.931 поен, додека франкфуртски DAX порасна за 0,50 отсто, на 18.477 поени, а париски CAC 0,25 отсто, на 8.204 поени.