Волстрит порасна втор ден по ред

На Волстрит, берзанските индекси силно пораснаа во средата, благодарение на добрите вести од неколку компании и надежите на инвеститорите дека американската централна банка ќе го ублажи зголемувањето на каматните стапки.

Dow Jones зајакна 1,60 отсто, на 33.376 поени, додека S&P 500 порасна за 1,49 отсто, на 3.878 поени, а Nasdaq индексот порасна за 1,54 отсто, на 10.709 поени.

Растот на индексот втор ден по ред е благодарение на добрите вести од компаниите.

Цената на акцијата на Nike скокна за 12 отсто откако производителот на спортска опрема објави подобри од очекуваните оперативни резултати за изминатиот квартал.