Волстрит порасна втор ден по ред – најмногу скокнаа акциите на Мета

77

На Волстрит вчера цените на акциите пораснаа, најмногу во секторите комуникации и енергетика, а инвеститорите се фокусирани на изборите за американскиот Конгрес.

Dow Jones зајакна 1,31 отсто, на 32.827 поени, додека S&P 500 порасна за 0,96 отсто, на 3.806 поени, а индексот Nasdaq 0,85 отсто, на 10.564 поени. Од 11 најважни сектори на индексот S&P 500, осум од нив забележаа раст, а највисок е комуникациите, 1,8 отсто и енергијата, 1,7 отсто.

Најмногу скокна Мета
Меѓу најголемите добитници беше Мета, со скок на цените од повеќе од 6 отсто, откако чадор-компанијата Facebook најави отпуштања што ќе ги намалат нејзините оперативни трошоци. Цените на акциите на Alphabet и Microsoft пораснаа силно, за повеќе од 2 отсто, откако беа под притисок со денови.

Инвеститорите се фокусирани на среднорочните избори за Конгресот, а анкетите покажуваат дека републиканците би можеле да го освојат мнозинството во Претставничкиот дом, но и во Сенатот. Контролата на само еден дом на Конгресот ќе им даде на републиканците моќ да ја запрат законодавната агенда на претседателот Џо Бајден, што би одговарало на пазарите на капитал во некои сегменти.

„Можноста републиканците да преземат еден од домовите е доста голема, така што во Конгресот би имало ќорсокак во следните неколку години. Затоа, веројатно нема да има зголемување на даноците, како и зголемување на државните трошоци, што би ја поддржало инфлацијата“, објаснува Рос Мејфилд, стратег во Baird.

Hа европските берзи вчера претпазливо се тргуваше. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабна за 0,48 отсто, на 7.299 поени, додека франкфуртски DAX зајакна за 0,55 отсто, на 13.533 поени. Парискиот CAC остана непроменет на 6416 поени.