Волстрит расте благодарение на растот на технолошките гиганти

8

На Волстрит берзанските индекси пораснаа во четвртокот, четврти ден по ред и достигнаа нови рекордни нивоа, што најмногу се должи на растот на цените на акциите на производителите на чипови.

Dow Jones зајакна 0,68 отсто, на 39.781 поен, додека S&P 500 порасна за 0,32 отсто, на 5.241 поен, а Nasdaq индексот 0,20 отсто, на 16.401 поен. Растот на индексот најмногу се должи на растот на цените на акциите на производителите на чипови, во просек за 2,3 отсто.

Каматите останаа непроменети, годинава трипати ќе се намалат
Во исто време, најмногу скокна цената на акцијата на Micron Technology, повеќе од 14 отсто, откако таа компанија објави подобри од очекуваните квартални деловни резултати и проценки за понатамошното работење.

Покрај растот на цените на акциите на технолошките гиганти, пазарот го поддржува и соопштението на американската централна банка за намалување на каматите.

Во средата, како што се очекуваше, челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети на нивната редовна седница.

Зголемена проценката за економскиот раст
Истовремено, објавени се проценките на челниците на централната банка дека годинава би можеле да ги намалат каматните стапки трипати, како што очекуваа досега, и покрај зголемувањето на инфлацијата во САД во јануари и февруари.

Тоа ги охрабри инвеститорите кои стравуваа дека ФЕД ќе го одложи намалувањето на каматните стапки поради зголемената инфлација.

На пазарот позитивно влијаеше и зголемувањето на прогнозата на шефот на ФЕД за економскиот раст годинава од претходните 1,4 на 2,1 отсто.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс скокна за 1,88 отсто, на 7.882 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,91 отсто, на 18.179 поени, а париски CAC 0,22 отсто, на 8.179 поени.