Волстрит силно порасна

16

На Волстрит, берзанските индекси силно се зголемија во вторникот, бидејќи американската инфлација се намали, поддржувајќи го ставот дека американската централна банка нема повторно да ги зголеми каматните стапки.

Dow Jones зајакна 1,43 отсто, на 34.827 поени, додека S&P 500 скокна за 1,91 отсто, на 4.495 поени, а индексот Nasdaq порасна за 2,37 отсто, на 14.094 поени.

Најголемиот дневен скок на тие индекси од април беше благодарение на подобрите од очекуваните податоци за инфлацијата во САД.

„Олеснувањето на инфлацијата ја поддржува тезата дека ФЕД нема да ги зголеми каматните стапки“
Извештајот објавен вчера покажа дека во октомври стапката на инфлација била 3,2 отсто, што е помалку од 3,7 отсто во септември и помалку од 3,3 отсто што очекуваа аналитичарите.

Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.