Volvo 7900 Electric – целосно автономен и електричен автобус

40

Тим од Технолошкиот универзитет Nanyang во Сингапур заедно со Volvo Buses го претставија првиот автономен, електричен автобус. Возилото е долго 12 метри и може да собере 80 патници.

Volvo 7900 Electric е опремен со бројни сензори и навигациски контроли, управувани од систем на вештачка интелигенција.
Со цел да обезбеди максимална сигурност, системот е дополнително заштитен со водечки мерки за сајбер безбедност. Следен чекор е тестирање на автобусот во рамки на кампусот, а потоа и на улиците.
Возилото работи многу тивко и со нула емисија на штетни гасови, а потребни му се 80% помалку енергија отколку на дизел автобус со иста големина.
Ова е воедно првиот целосно автономен, електричен автобус на Volvo наменет за јавен транспорт.