Volvo бележи пораст во продажбата на е-автомобили

18

Продажбата на автомобилите на Volvo се зголеми за 25 отсто во март во однос на претходната година на 78.970 примероци, достигнувајќи глобален рекорд на продажба во еден месец, објави во четвртокот шведската групација.

Volvo Cars, во мнозинска сопственост на кинеската Geely Holding, објави во соопштението дека продажбата на целосно електрични автомобили пораснала за 43 отсто и сочинувала 23 отсто од вкупната глобална продажба во месецот, пренесува Ројтерс.

Акциите на компанијата пораснаа за четири отсто во почетокот на тргувањето на Стокхолмската берза.

Вкупната продажба во Европа, најголемиот пазар на Volvo, се зголеми за 33 отсто, а продажбата на целосно електрични автомобили порасна за 66 отсто во споредба со пред една година.

Во САД вкупната продажба се зголемила за 50 отсто, додека продажбата на целосно електрични автомобили паднала за 66 отсто.