Волво: Достава на пакети директно во автомобил

31

volvodostava_0_0_468X10000

Волво смисли начин како производите што сте ги купиле преку интернет да бидат испорачани директно во вашиот автомобил, дури и ако не сте вие во него.

Системот што го развил Волво е врз основа Volvo On Call  и Sensus Connect технологии и работи со помош на т.н. дигитален клуч. Дигиталниот клуч овозможува еднократен пристап до автомобилот. Ова значи дека курирот има електронска моќ од далечина со помош на користење на паметен телефон или таблет, да го отклучи автомобилот, да го остави производот купен преку интернет и повторно да го заклучи.

Пристапот до автомобилот се доделува автоматски, во оној момент кога ќе се нарача производот и ќе се прифати опцијата која вклучува ваков тип на испорака. Информации за тоа кога производите ќе бидат доставени и сертификат за завршена испорака сопственикот добива преку СМС порака.

Својот новитет, Волво ќе го претстави на Светскиот мобилен конгрес, кој ќе се одржи кон крајот на февруари во Барселона. Прелиминарната анкета која е спроведена меѓу испитаниците покажала дека 92% од нив се одлучила за ваква испорака, наместо на домашната адреса.