Volvo со најдобри резултати во својата 94-годишна историја

113

Шведскиот производител на автомобили, Volvo прикажа најсилни шестмесечни податоци во својата 94-годишна историја во поглед на добивката и прихoдите од продажба, но во исто време и предупредува на негативните последици од недостигот на чипови.

“Нашето главно сценарио е дека недостатокот на чипови нема да се намали, што значи дека растот на продажбата и приходите во втората половина од годината ќе биде сличен со оној од втората половина од минатата година“, изјави Бјорн Анлол, финансиски директор на Volvo.

Добивката на компанијата достигна 1,5 милијарди долари, додека во првото полугодие од минатата година прикажа загуба од 989 милиони долари. Приходите од продажба на групацијата се зголемени за 26% на 16,2 милијарди долари.

Резултатите на Volvo во првите шест месеци од оваа година се поддржани од силното закрепнување на пазарот по минатогодишниот пад предизвикан од пандемијата.

Фото: Pexels