Ворен Бафет донира 3,6 милијарди долари во добротворни цели

22

Четвртиот најбогат човек во светот, инвеститорот Ворен Бафет, чиешто богатство е проценето на 88,6 милијарди долари, донираше 3,6 милијарди долари во добротворни цели.

Преку неговиот конгломерат Berkshire Hathaway, тој поседува акции во познати компании како Dairy Queen, American Airlines и Kraft Heinz. Со донацијата Бафет продолжува да го исполнува ветеното од 2006 година, односно да донира 99% од своето богатство во добротворни цели.

Ова е досега најголемата донација од милијардерот, поголема од минатото лето кога одвои 3,4 милијарди од своите пари, пишува Forbes.

Бафет веќе има донирано 45% од своите акции во пет фондации, Gates Foundation (на Бил и Мелинда Гејтс), Susan Thompson Buffett Foundation (именувана по неговата покојна жена), Sherwood Foundation, Howard G. Buffett Foundation и NoVo Foundation (фондации раководени од неговите три деца.)

Фото: Facebook