Ворен Бафет го купува Heinz

21

HeinzМилијардерот Ворен Бафет го купи американскиот гигант за производство на храна Heinz за 28 милијарди долари. Конгломератот Berkshire Hathaway на Бафет и инвестициската компанија 3G Capital постигнаа договор за купување на најпознатиот произведувач на кечап.

“Heinz имаат силен, одржлив потенцијал за развој, како и високи стандарди, иновативни потфати, одличен менаџмент и одлични, вкусни производи”, стои во изјавата на Бафет.

Бафет се повеќе се врти кон пазарот за храна, со оглед на огромните приходи и економски раст на Berkshire. Конгломератот веќе располага со 45 милијарди долари. Бафет претходно инвестираше во Coca – Cola и помогна за финансирање на Mars Inc., со купување на произведувачот на гуми за џвакање Wm. Wrigley Jr.

Бафет е еден од најбогатите луѓе на светот, а огромното богатство го стекна со паметни инвестиции во последните неколку децении. Во неговото портфолио, освен Coca Cola, се наоѓаат и акции на Fruit of the Loom, Kraft, Tesco, Walmart.

Најпознато преземање на 3G Capital беше во 2010 година, кога го купија Burger King.