Воз кој се движи на магнетна левитација на своето прво возење достапно за јавноста постигна брзина од 500 километри на час.
Честа да го искусат возењето на супер брзиот воз кој лебди над пругата, имаа стотина патници.
Вкупно 2.400 патници избрани преку лотарија ќе имаат можност да се возат во оваа брза машина следниот месец, а беа пријавени приближно 300.000.
Моментално овие магнетни возови се најбрзи во Јапонија, а планирано е да почнат да се користат во 2027 година.
Еве како изгледа возење во воз со брзина од 500 километри на час.