Возачите за испорака на Amazon ќе го потврдуваат својот идентитет со селфи

25

Со цел да се избегнат евентуални измами, возачите на испораките на Amazon Flex, ќе го верификуваат својот идентитет со селфи фотографија и технологија за препознавање на цртите од лицето.

Amazon Flex, којшто е дел од американскиот гигант за трговија, овозможува на договорени работници сами да разнесуваат пратки со сопствените автомобили, пишува Mashable.

Според Amazon, овој потег е наменет за спречување на измами и претставува начин да се дознае дали испораката ја вршат авторизирани вработени во компанијата.

Тие ќе треба да се идентификуваат пред клиентите и останатиот персонал од Amazon Flex во базната станица.

Овие возачи, освен што користат сопствени возила, сами си поставуваат распоред за испорака на пратките, па токму затоа е потребна дополнителна идентификација за да може Amazon подобро да ги следи своите вработени.

Фото: Pixabay