Возило и дрон за спасувачки операции на Land Rover

46

land-rover

Фото: Land Rover

Автомобилскиот бренд Land Rover го разви возилото Discovery за меѓународната организација Црвен крст, којшто е опремен со дрон што може да скенира области зафатени од земјотреси или лавини, пишува Dezeen.

Ова возило, како што се наведува, е резултат од проектот Hero. Во него, Land Rover соработуваше заедно со Црвениот крст на Австрија со цел да создадат возило што може да се вклучи во операции за спасување.

Дронот, кога е во воздух, може да пренесува снимки во живо од зафатениот терен на тимовите на Црвениот крст. На тој начин, тимовите може да реагираат брзо и ефикасно во пружање прва помош во загрозени подрачја.