Вработени 92 лица со попреченост преку проект на УСАИД, 12 почнале свој бизнис

40
usaid
Преку Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување лица со попреченост кој функционира од 2012 година досега се вработени 92 лица, 12 отвориле сопствен бизнис, а 57 реализирале практикантски ангажмани во различни приватни компании, јавни институции и невладини организации, пишуваМиа.
Овој проект работи на градење на капацитетите на лицата со попреченост за полесно да настапат на пазарот на труд, а исто така работи и со компаниите и јавните институции за полесно прифаќање и адаптирање на овие лица на работното место.
Обучени се 389 лица на тема Стратегии за барање работа на лица со попреченост, 14 лица со попреченост успешно завршиле обука за претприемништво, а 11 лица ја посетиле обуката за развивање креативни вештини на лица со попреченост. Од друга страна, пак, 202 претставници од компании посетиле обуки за менторско водење на лица со попреченост.
Во декември минатата година е организиран саем за вработување во Куманово, а како дел од активностите до август следната година ќе биде организиран уште еден.