Вработените во Google и Facebook ќе можат да останат да работат од дома до крајот на оваа година.
Ова е уште две од технолошките компании што одлучија да им овозможат на вработените да работат од дома поради заштита од пандемијата. Претходно, Amazon објави дека неговите вработени кои можат остануваат да работат од дома до крајот на октомври.
Инаку, како што пренесува Forbes, ИТ компаниите од Силиконската долина беа меѓу првите кои ги испратија своите вработени да работат од дома уште пред да се затворат сите локали и да се прогласи карантин поради пандемијата.
Фото: Pixabay