Синдикатот на Самсунг Електроникс во Јужна Кореја најави дека на 7 јуни првпат ќе штрајкува поради поплаки за „репресија на работа“.
Тој синдикат претставува повеќе од 28.000 вработени или 20 отсто од работната сила, пишува Teletrader.
Иако првичниот штрајк е закажан за еден ден, тој би можел да биде продолжен и на крајот да влијае на производството на полупроводници.
Портпаролот на синдикатот при соопштението рече дека „се обидел да го реши проблемот со дијалог“.
„Најавуваме штрајк поради негрижа на работниците од компанијата. Одговорноста за сите колективни активности сега е целосно на компанијата. Го изразуваме нашиот став против запоставувањето и мешањето на компанијата во нашата досегашна мирна борба“, додаде претставникот.
Од друга страна, претставник на Самсунг Електроникс изјави за АФП дека компанијата „ќе продолжи да води дијалог со синдикатот како што правеше досега“.