Вработените во Twitter се враќаат во канцелариите од 15 март

34

По Google, Twitter побара од своите вработени да се вратат во канцелариите на 15 март.

Падот на бројот на заразени значи враќање во канцелариите ширум светот. Twitter е следната технолошка компанија која ќе престане да работи од дома по Google.

Извршниот директор Параг Агравал побара од вработените во Twitter да се вратат во своите канцеларии. Од средината на март сите канцеларии ќе бидат отворени и вработените ќе имаат можност да работат од место каде што се чувствуваат безбедно.

Сè уште е отворена опцијата за работа од дома, но поголеми бенефиции ќе имаат вработените кои ќе дојдат во канцелариите.

„Како што повторно се отвораме, нашиот пристап останува ист. Секаде каде што се чувствувате најпродуктивни и креативни, работите таму, дури и ако тоа вклучува можност засекогаш да работите од дома. Канцеларија секој ден? Може да биде тоа. Некој ден од дома некој од канцеларија? Секако.“ – напиша Агравал.

Twitter ги истакна проблемите со кои се соочува компанијата откако вработените работат од дома во последните две години. Посочи дека следниот период ќе биде полн со предизвици за вработените, но оти очекува тие да бидат поактивни и поадаптирани.

Сите вработени наскоро ќе добијат детали за логистиката, датумите, безбедносните мерки и начинот на кој ќе работи компанијата. Тој исто така им се заблагодари на сите за досегашните напори.