Вработените во ЗАРА постигнаа договор за зголемување на платите

Синдикатот кој ги застапува трговците во продавниците на шпанскиот моден брeнд ЗАРА се откажа од планираните штрајкови во седиштето на матичната компанија во градот Коруња, откако е постигнат договoр за зголемување на платите за 25 отсто, изјави претставничка на синдикатот.

Околу 1.000 вработени во продавниците на ЗАРА и во продавниците на другите модни брендови во сопственост на „Индитекс“ најавија штрајк за 23 декември и за 7 јануари идната година, барајќи зголемување на платата, откако ја одбија последната понуда од компанијата.

-„Индитекс“ се согласи месечно да плаќа по 322 евра повеќе на продавачите кои работат во неговите 44 продавници во Коруња – изјави лидерката на синдикатот.

Освен покачување на платата, вработените ќе добијат и еднократен бинус од 1.000 евра што ќе им биде исплатен во февруари.

Договорот исто така вклучува изголемување на платата за 20 евра во ноември 2023 и од 40 евра во 2024, истакнуваат од Синдикатот.

Месечната плата на продавачите во ЗАРА во Коруља моментно се движи меѓу 1.058 и 1.400 евра.