Враќање во нормала – BMW продолжи со производството во Кина

112

Повеќе од 20.000 работници во производствениот погон на BMW Brilliance во Кина се вратија на работа и го продолжија нормалното производство.

BMW Brilliance е инвестиција на германскиот BMW и кинескиот производител на автомобили Brilliance Auto, со седиште во Шенјанг, Кина. Тоа е најголемиот производствен погон на BMW надвор од Германија и се користи за производство, дистрибуција и продажба на автомобили на BMW во Кина.

Непосредно пред избувнување на епидемијата беа вложени дополнителни 1,2 милијарди долари во нивниот објект, а се стравуваше од големи загуби доколку потрае епидемијата.

Сега кога фабриката продолжува со работа обезбедени се 120.000 заштитни маски, како и друга заштитна опрема.

Фото: Pixabay