Вредноста на Apple паѓа: Немирите во кинеската фабрика ја подгреваат загриженоста за испораките на iPhone

39

Акциите на американската компанија Apple паднаа за 1,4 отсто во понеделникот, бидејќи растечките работнички немири во најголемата светска фабрика за iPhone во Кина ја поттикнаа загриженоста за подлабок удар врз веќе ограниченото производство на водечкиот модел iPhone 14.

Ројтерс во петокот објави дека фабриката управувана од Фокскон би можела да забележи дополнителен пад на испораките во ноември, бидејќи илјадници работници ги напуштаат своите работни места поради незадоволство од строгите ограничувања за да се спречи растечката инфекција со Ковид-19 во Кина.

Одделно, Bloomberg News тврди, повикувајќи се на свои извори, дека оваа година може да има недостиг од 6 милиони iPhone Pro телефони поради проблеми со производството.

Недостигот спречи многу потрошувачи да ги купат телефоните за време на црниот петок – најпрометниот период за купување во годината – и веројатно ќе ја намалат продажбата во клучниот празничен квартал.

„Тешките предизвици околу одложувањата во враќањето на нормалното ниво на производство во фабриката во Женгжу може да го ограничат темпото со кое може да се постигне рамнотежа меѓу понудата и побарувачката во наредните месеци“, велат аналитичарите на JP Morgan.

Акциите на Apple паднаа за 3,4% во текот на ноември и беа меѓу најголемите губитници на индексот Nasdaq 100 во споредба со поширокиот пазар во понеделникот.