Вредноста на Apple за еден ден се “лизна“ за 34 милијарди долари

34

Технолошкиот гигант Apple забележа пад на пазарната вредност од 34 милијарди долари. Причина за тоа е загриженоста на инвеститорите поради информацијата дека Apple не очекува да ги исполни планираните приходи во првото тримесечје од оваа година.

Акциите на Apple вчера забележаа пад од 2,6%, поради што е намалена пазарната вредност на компанијата.

Производителот на iPhone се соочува со проблеми поради запреното производство во Кина, пишува CNN. Исто така, кинескиот пазар бележи намалена побарувачка на мобилни уреди од компанијата што моментално вреди 1,4 илјади милијарди долари.

Фото: Pixabay