Вредноста на дознаките од странство годинава ќе паднат за 20%

52

Пандемијата од коронавирусот доведе до отпуштање на голем број работници кои живеат и работат во странство, а последиците веќе ги чувствуваат нивните семејства кои зависат од парите кои им ги испраќаат.

Светската банка проценува дека вредноста на дознаките од странство ширум светот оваа година ќе паднат за 20%.

Се проценува дека на најсиромашните луѓе во светот кои живеат од пари на роднини од странство, ќе им бидат скратени околу 100 милијарди долари, објави CNN.

Инаку, падот на вредноста на дознаките од странство поради светската економска криза во 2009 година изнесуваше 5%.

Фото: Pixabay