Пазарната капитализација на американскиот производител на електрични автомобили, Tesla се намали за 50 милијарди долари, откако нејзиниот основач, Илон Маск, изјави дека радикално ќе ги намали цените на автономните електрични возила на 25.000 долари, но дури по најмалку три години.
За само два часа по затворање на тргувањето во вторникот, Tesla загуби 20 милијарди долари од вредноста, додека Маск заедно со своите соработници ги претставиле новите батерии и производната стратегија, пренесува Ројтерс.
Инвеститорите од Маск очекуваа две значајни работи – развој на таканаречената million miles (милион милји) батерии и конечно намалување на цените на електричните возила. Но, Макс не најавил ниту една од овие работи, туку само ветил дека следните неколку години ќе работи на намалување на цените на батериите за половина со нова технологија и процеси коишто ќе овозможат прифатлива цена на електричните автомобили.
Tesla очекува да испорачува околу 20 милиони електрични возила на годишно ниво, а оваа година целата автомобилска индустрија очекува испорака на околу 80 милиони автомобили на глобално ниво.
Фото: Pixabay