Времеплов: Како изгледала првата телевизиска реклама?

161

Дали светот денес може да се замисли без реклами? Би рекле НЕ, бидејќи за нивна изработка се одвојуваат огромни буџети, со цел да допрат до што е можно повеќе гледачи. Освен на телевизија, денес сме “бомбардирани“ со реклами од сите страни. Но, дали некогаш сте се запрашале како изгледала првата телевизиска реклама?

Првата реклама датира од први јули 1941 година, емитувана е во САД, а имала за цел да го “промовира“ брендот за часовници и накит, Bulova.

Рекламата траела само 10 секунди, а единствена содржина на рекламата е слоганот што на Американците веќе им беше познат од весниците и радио станиците: Америка оди по Bulova.

Компанијата Bulova платила девет долари за рекламата, четири долари за емитување, а пет за трошоци на телевизиската куќа.

Фото: Freepik