Времеплов: Кој е првиот парфем во светот?

342

Настанување на парфемите е поврзано со праисторијата. Прачовекот палејќи оган воочил дека различни видови на дрвја создаваат чад и ослободуваат различни ароми. Ова особено било забележливо кај дрвја кои на себе имаат смола.

Па така, поимот парфем доаѓа од латинскиот збор per fumum, што значи низ чад.

Првата документирана историја на парфемите почнува во Месопотамија, каде уште пред 4.000 години се пронајдени мирисни стапчиња, коишто се предци на денешните парфеми. Подоцна, Египќаните толку многу ги ценеле парфемите и ги сметале за поважни од златото, а употребата била резервирана само за најбогатите. Персијците, пак, најчесто сушеле латици од рози, коишто ги затворале во посебни садови. Латиците добивале интензивен мирис при сушењето, па садовите биле отворани во специјални прилики. За Старите Грци, мирисот од парфемот бил знак за присуство на боговите.

Но, кога станува збор за развој на индустријата на парфеми, таа се врзува со Франција и 17-от век, кога богатите аристократи покажувале колку се моќни со носење парфеми.

Развојот на хемиската индустрија овозможи создавање на синтетички материи во парфемите, но природните состојки и денес се основната суровина.

Еден од првите познати парфеми е познатиот Chanel No.5, којшто уште во 1921 година, Ернест Био го креираат за модната икона Габриел Коко Шанел. Денес во светот постојат 500-тина производители на над 11.000 видови на парфеми.

Фото: Pixabay & Facebook