Врховниот суд на САД покренува антимонополска тужба против Apple

48

Американскиот врховен суд започнува судска постапка со којашто ќе се дозволи група на клиенти да го тужат технолошкиот гигант Apple. На компанијата ќе ѝ се суди за искористување на својата монополска моќ при зголемување на цените на апликациите што се продаваат преку App store.

Фокусот ќе биде ставен на пристапот на Apple кон оваа апликација, којашто според некои компании ја користи за испорачување на одредени услуги за корисниците на iPhone телефони, пишува Forbes.

Spotify и Netflix имаат замерка за провизијата од 30% што компанијата ја зема од претплатата за првата години на користење на апликацијата и за 15% од приходите остварени од долгорочни претплатници. Токму овие давачки се во центарот на расправијата во Врховниот суд.

Четири сопственици на iPhone поднесоа тужба  уште во 2011 година. Тие тврдеа дека компанијата го монополизира пазарот со апликации, односно си обезбедува такса којашто резултира со повисоки цени за милиони потрошувачи кои ги користат нивните телефони за купување на храна, билети за филмови и организирање на транспорт.

Фото: Pixabay