“Вртат“ милиони од извоз на овој зачин

51

Извозот на цимет во светот минатата година достигна ниво од 692,4 милиони долари, што е намалување од 4,9% во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем меѓу извозниците на овој зачин е Кина со заработка од 162,1 милиони долари во 2019 година. Во првите пет најголеми извозници на цимет во светот лани беа и: Шри Ланка (153,4 милиони долари), Индонезија (143,3 милиони долари), Виетнам (136,1 милион долари) и Холандија (22,3 милиони долари).

Од земјите во регионот, лани најголем извоз на цимет имала Хрватска со 310.000 долари. Потоа следат: Словенија (207.000 долари), Грција (157.000 долари), Бугарија (133.000 долари), Србија (108.000 долари) и Босна и Херцеговина (7.000 долари).

Податоците покажуваат дека од Македонија лани е извезен цимет во вредност од 5.000 долари.

Фото: Freepik