Врвна онлајн заштита на децата со апликацијата Kaspersky Safe Kids за корисниците на Magenta 1 Cool Junior

21

kaspersky-safe-kids

Aпликацијата Kaspersky Safe Kids обезбедува врвна онлајн заштита на децата при користење на мобилни уреди или компјутери.

Станува збор за производ на Kaspersky Lab, една од најпознатите компании во светот која нуди решенија за безбедност и заштита на корисниците на интернет од разни штетни софтверски и интернет опасности.

Kaspersky Safe Kids овозможува времето коешто децата го поминуваат на интернет да биде навистина корисно за нивниот развој и образование, без штетни интернет содржини или содржини несоодветни за нивната возраст, какви што можат да бидат одредени апликации, веб сајтови и слично. Родителите пак, добиваат можност да бидат во тек со интересите и активностите на своите деца на интернет и да бидат предупредени при појава на потенцијална опасност. Така, тие ќе можат навремено да ги предупредат своите деца во врска со евентуалните закани по нивната безбедност или приватност на интернет.

Родителите, покрај заштитата на своите деца од опасни и несоодветни содржини на интернет, можат да го одредат и контролираат времето и местото на користење на мобилниот уред од страна на детето, како и да ја знаат неговата локација во секое време.

Преку оваа апликација, родителите исто така имаат можност да ги следат објавите на Facebook во кои е споменато детето и да ги гледаат измените во листата на неговите пријатели, како и да добиваат статистички податоци и известувања за онлајн активностите на детето. На тој начин, тие ќе можат навремено да реагираат доколку некоја комуникација се претвори во несоодветна или опасна.

Aпликацијата Kaspersky Safe Kids е достапна за корисниците на Magenta 1 Cool Junior на Македонски Телеком.

Подетални информации за начинот на регистрација, активирање и користење на апликацијата можат да се добијат на www.telekom.mk во делот Интернет безбедност, како и во продавниците на Македонски Телеком.