Вселенски барони – имаат милијарди во џеб и сонуваат да бидат туристи во вселената

34

Ричард Брансон е британски милијардер кој во јавноста е познат како ексцентричен бизнисмен, во 2004-та година ја основаше Virgin Galactic со цел да развие приватно вселенско летало преку кое стотина луѓе со подлабок џеб ќе може да патуваат во вселената без потреба од обука спроведена во НАСА.

Брансон е дел од групата на таканаречени вселенски барони, односно милијардери кои имаат силни аспирации кон вселената, а меѓу нив се Илон Маск и Џеф Безос, пишува CNN.

Компанијата Blue Origin на Безос работи на развој на ракета за вселенски туризам, а SpaceX на Маск е фокусиран на транспорт на космонаути и еднодневни тури за туристи во вселената.

И покрај финансиските потешкотии со коишто се соочува, Брансон планира да летне во вселената меѓу јануари и март следната година.

Приврзаниците на комерцијалните летови за во вселената тврдат дека опасноста и ризикот не би требало да ги одвратат заинтересираните од идејата туристички да ја посетат вселената.

Фото: Freepik