Вселенскиот туризам станува сè популарен – само 8 туристи на летот, резервација 50.000 долари (ВИДЕО)

30

Компанијата за вселенски туризам „World View“ досега имала 1.000 резервации за вселенски летови, што го потврдува фактот дека овој вид туризам станува сè попопуларен.

Компанијата „World View“ досега има продадено најголем број резервации кога е во прашање вселенскиот туризам.

Комерцијалните летови треба официјално да започнат во 2024 година, а најмногу резервации се од САД, Канада, Германија и Обединетото Кралство.

Цената на резервацијата, односно летот е 50.000 долари, а летот вклучува поаѓање на осум туристи и двајца членови на екипажот на височина од околу 38 километри над планетата, а тоа искуство би траело вкупно шест до осум часа.